Бундеслигата може да ги сруши сите рекорди на гледаност!

0
91

Со исклучок на Белорусија која своите фудбалски натпревари не ги одложува ниту за еден ден, сите останати европски фудбалски натпреварувања се стопирани поради пандемијата на коронавирусот.

Паузата трае еден месец, но и понатаму нема наговестување кога би можело да се продолжи играњето фудбал.

Трошка надеж доаѓа од Германија чии клубови веќе почнаа да се организираат со ограничени тренинзи на екипите, па постојат најави дека Бундеслигата би можела да стартува прва во Топ 5-лигите во Европа.

Најверојтно тоа ќе биде без присуство на публика на трибините, но како и да е, ТВ преносите нема да недостасуваат.
Очекувањата се тиа натпревари да бидат најгледани од кога се игра Бундеслигата.

Луѓето се желни за квалитетен фудбал, а освен квалитетот, Бундеслигата до крајот на сезоната би можела да донесе и многу возбуда.

По 25 одиграни кола, Баерн е на врвот со 55 бода, Борусија (Д) е втора со 51, а трет е тимот на Лајпциг со 50 бода. Следуваат Борусија (М) на четвртата позиција со 49 и петтопласираниот Баер Леверкузен со 47 бода.

На 9 кола до крајот првите пет тимови на табелата се во само 8 бода разлика.

Бундеслигата може да се пофали и со суперталентирани млади играчи кои се мета на големи европски клубови, пред се се мисли на Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо од Дортмунд.

Интересна ќе биде и борбата за опстанок каде најзагрозени се Мајнц, Фортуна Диселдорф, Вердер и Падерборн.