Де Роси: Одлуката да заминам од Рома не беше моја!

0
85

Италијанскиот фудбалер, Даниеле де Роси изјави дека не била негова одлуката да замине од Рома, затоа што планирал целата кариера да ја помине кај „волчицата“, исто како што тоа го направи Франческо Тоти.

Сепак, Де Роси го напушти Рим се пресели во Аргентина, во Бока Јуниорс.

„Многу ретко е некој да игра 20 години во еден клуб. Не можам да гарантирам дека истото би го сторил и како тренер, затоа што ниту еден тренер не трае толку олго. Би сакал да ја тренирам Рома еден ден, но мислам дета треба да почнам со некои помали работи“ – изјави Де Роси за „Скај Италија“.

Тој додаде дека никогаш не сакал да ја напушти Рома, не сакал да си оди.

„Никогаш не сум бил лажго, секогаш сум бил реален. Иако клубот го напуштив после 20 години, не сакам навивачите да гледаат на тоа како некоја трагедија. Да, јас не сакав да одам од Рома, но тоа е фудбалот“ – кажа тој