Две лица лишени од слобода, полицијата им пронашла дрога

0
94

Две лица лишени од слобода, при претрес кај нив полицијата пронашла дрога. Имено, на 09.04.2020 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“ го лишиле од слобода Г.П.(26) од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Истиот ден, во 11.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода и К.П.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед и кај него била пронајдена истата дрога.

Полицијата извршила увид, по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.