Во Гостивар и Демир Капија пронајдени луѓе починати во нивните домови

0
473

Во попладневните часови на 10 април во МВР биле пријавени два смртни случаи во Гостивар и Демир Капија.

Околу 13:40 часот во текот на вчерашниот ден во полициска станица во Неготино родител пријавил дека починат го пронашол својот 33-годишен син, во семејната куќа на улица „Радњанска“ во Демир Капија.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од неготинската полиција и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот.

Во вториот случај во Гостивар, во 13:55 минути во полициската станица Гостиварец пријавил дека во куќа на улицата „ЈНА“ го пронашол починат неговиот 68-годишен татко, кој според пријавеното, имал претходни здравствени проблеми.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа.

По наредба на јавни обвинители телата на двајцата починати се предадени на обдукција.