Далглиш излезе од болница

0
84

Поранешниот фудбалер и менаџер на Ливерпул, Кени Далглиш е пуштен од болница по позитивната дијагноза на корона вирусот и ќе продолжи да се опоравува во домашна атмосфера, објавија британските медиуми.

Далглиш, кој во петокот беше примен во болница, се заблагодари на британската здравствена служба (НХС).

„Луѓето можеби мислат дека поради моето име добив подобра грижа од другите, но верувајте секој пациент во НХС добива најдобра можна помош. Како нација имаме среќа што го имаме тој здравствен систем и им посакувам сè најдобро во неуморната работа да помогнат на земјата во оваа пандемија“, изјави Далглиш.