Полицискиот час го прекршиле 138 лиц

0
102

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, полицискиот час на ниво на целата држава не го испочитувале 138 лица, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци, во овој период на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолацијаи и не се евидентирани случаи на прекршување на мерката.