Кејн не е на продажба

0
91

Тотенхем нема намера да му го продаде Хари Кејн на Манчесер јунајтед, потврдиле од клубот за „Скај спортс“. Англиските медиуми вчера објавија дека за рекордни 200 милиони фунти капитенот на англиската репрезентација би можел да се пресели на „Одл Трафорд“.

Тотенхем ги демантира медиумите, од клубот потенцираат дека Кејн не може да оди во Јунајтед, ниту во кој било друг клуб во Англија.

Медиумите посочија дека претседателот на клубот, Даниел Леви, ќе го одобри трансферот на Кејн во Манчестер јунајтед и на тој начин ќе ги санира финансиските проблеми што ги предизвика коронавирусот.

Пандемијата би можела да им предизвика сериозни финансиски проблеми на сите клубови во Премиер лигата.