Синоќа приведени 134 лица, кои ја прекршиле забраната за движење

0
96

Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за другите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци, не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација, велат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.