Француското првенство откажано, ПСЖ прогласен за шампион

0
79

Француската Лидл старлига потврди дека сезоната 2019/2020 е официјално завршена по состанокот на националната федерација, а Пари Сен-Жермен е прогласен за шампион.

Федерацијата одлучи да се откажат последните осум кола од шампионатот, како и фајналфор-турнирот од лигашкиот куп, кој требаше да се одржи уште во март, кога во понеделникот претседателот Емануел Макрон ги продолжи мерките за забрана на масовно собирање до средината на јули.

ПСЖ имаше шест поени предност пред Нант и со тоа обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите. Нант, Ним, Монпелје и Тулуз се квалификуваа за европските натпреварувања (Ц2), но се очекува Нант да добие покана за ЛШ. Оваа сезона нема да има испаѓање, а два нови клуба, Сесон-Рен и Лимож, ќе ѝ се приклучат на елитата.