Маж починал во ходникот на Поликлиниката во Драчево

0
71

Во поликлиника во Драчево, вчера, бил донесен 62-годишен скопјанец кому, откако пристигнал во ходникот од установата, му се влошила здравствената состојба, по што починал.

Од МВР во дневниот билтен наведуваат дека смртта ја констатирал лекар од здравствената установа, но засега нема информации каква болест ја предизвикала смртта кај мажот.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.