Потврдени 66 нови случаи на коронавирус во земјава, најмногу има во Куманово

0
121

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови најмногу има во Куманово (27), поматаму Скопје (10) , Тетово и Охрид по 5 случаи, Прилеп и Струга со по 4 случаи, во Штип и Кочани по 3, Неготино и Велес со по 2 случаи на заразени, и 1 случај на заразен во Гостивар.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

Скопје – 339, Куманово – 262, Дебар – 49, Штип-31, Прилеп –89, Тетово – 43, Струга – 47, Велес – 36, Битола –9, Охрид –9, Кавадарци – 3, Гостивар –10, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 25, Пробиштип – 2,  Кичево – 1, Неготино -2.

Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен ф-тет – 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.

Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.