Приведени 31 лице, кои синоќа ја прекршиле забраната за движење

0
79

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката, во однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице, а за другите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

Исто така, според статистичките податоци, за изминатото деноноќие на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.