Рушту: Бесконечна благодарност до Барселона за поддршката додека бев болен

0
93

Рушту Речбер, поранешниот турски голман, вели дека е целосно оздравен од коронавирусот и покрај тоа што заглави во болница и беше приклучен на респиратори и вели дека е вечно му е благодарен на својот поранешен клуб Барселона за поддршката што му ја дал.

„Лекувањето беше долго и многу тешко. Во Турција ми даваа лекови 10 дена и направија сè да се оздравам. Поддршката од најблиските ми беше најважна. Сите се обединивме и победивме. Голема поддршка добив од Барселона. Таквите работи нема никогаш да ги заборавам. Никогаш нема да заборавам што направи Барса за мене и секогаш сум тука за неа“, вели 46-годишниот Рушту за „Ас“.

Тој беше голман на Барселона една сезона, во 2003/2004, но врската со клубот очигледно е силна.

„Тоа беше посебна година за мене. Се гордеам што бев дел од големото семејство и немам ниту едно лошо искуство. Беше вистинско задоволство да се дели соблекувалната со луѓе како Чави“, вели Турчинот