107 нови заболени во Македонија, 1 починат: Дали продолжувањето на вонредната состојба ќе биде од полза во борбата против коронавирусот?

0
202

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 28
Куманово -44
Дебар – 2
Штип – 1
Прилеп – 11
Тетово – 5
Струга – 1
Велес -4
Битола – 6
Кавадарци -1
Гостивар – 2
Кочани -1
Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 367
Куманово – 306
Дебар – 51
Штип-32
Прилеп –100
Тетово – 48
Струга – 50
Велес – 40
Битола –15
Охрид –7
Кавадарци – 4
Гостивар –12
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 26
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.

Во меѓувреме претседателот Пендаровски истакна дека вонредната состојба се продолжува за 30 нови дена, но дека по празникот очекува дека ќе се започне кон фазно враќање на животот и економијата во нормала.