Една докторка и две транспортерки заразени на скопска Онкологија, потврди директорот

0
118
Foto

Една докторка и две транспортерки се заразени со корона вирус на скопската Клиника за онкологија потврди за „Фокус“, директорот Нино Васев.

„Од 250 вработени на клиниката, заразени се само една докторка и две транспортерки кои веднаш се изолирани и се свикани епидемиолозите за да се посочат контактите. Добро е тоа што како многу вработени имаме толку мал број на заразени и покрај секојдневната фреквенција од луѓе на клиниката. Сите од нив носат заштитни маски и се целосно опремени – додава доктор Васев.

Извор: Фокус