СЗО: Во светот има алармантен и трагичен раст на смртни случаи од Ковид-19

0
138

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, го оцени постојаното зголемување на бројот на смртни случаи од корона вирус низ светот како алармантно и трагично.

 Во текот на последната недела бројот на смртни случаи се зголеми за над 40. 000, надминувајќи 123.000 – изјави Гебрејсус на дипломатскиот брифинг во Женева

Генералниот директор потсети дека според СЗО во светот има околу два милиона потврдени случаи на корона вирус.