Помпео: Поради лажливото однесувањето на Кина околу пандемијата, државите ќе размислат за „Хуавеј“

0
160

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека улогата на Кина во глобалната пандемија на корона вирусот веројатно ќе ги принуди државите да ја преиспитаат својата телекомуникациска инфраструктура, вклучително и усвојување на кинеската Хуавеј 5Г мрежа.

На прашањето за употребата на Хуавеј и 5Г технологијата, Помпео во интервју за „Фокс Бизнис“ изјави дека е многу уверен оти фактот дека Комунистичката партија на Кина не била транспарентна и отворена и не постапувала со податоците на соодветен начин, ќе предизвика многу земји да го преиспитаат она што го направиле во врска со нивната телекомуникациска архитектура.

Кога Хуавеј ќе им затропа за да им продаде опрема и хардвер, тие ќе имаат поинаква призма преку која ја гледаат таа одлука – истакна Помпео.