Турканици на Зелено пазарче: Дали и на пазарите требаше да се воведат редици пред влезовите?

0
156

Последен дел од денот, по што почнува долготрајниот карантин. И сето тоа предизвика растрчаност низ Скопје. Луѓето чекаат во редишта пред супермаркетите, брзаат да стигнат на пазар…

И сето тоа направи понекаде и турканици, блиски контакти меѓу купувачите… особено на пазарите. Ваква беше сликата еден час пред пладне на Зелено пазарче – луѓе едвај се разминуваа меѓу тесните тезги. Стотици и стотици граѓани уште од раните утрински часови влегуваат на пазарчето со цел да испазарат овошје и зеленчук за Велигденските празници кои се совпаѓаат со 85-часовниот полициски час.

Тесните простори меѓу тезгите правеа граѓаните да мора да поминат многу блиску едни покрај други. А со тоа се зголемува и опасноста во таквите контакти и да се пренесе опасниот корона вирус. Поголемиот дел од граѓаните, како што забележавме носеа заштитни маски, но значаен дел од луѓето не носеа.

Повеќе прочитајте на следниот линк:https://skopskoeho.mk/turkanitsi-na-zeleno-pazarche-dali-i-na-pazarite-trebashe-da-se-vovedat-reditsi-pred-vlezovite/