За синот на Вучиќ нема различен третман: Оди на Саем во заеднички купатило, туш и тоалет со сите останати

0
159

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 304 новозаразени пациенти од 3 462 тестирани лица. Со тоа, вкупната бројка на заразени се искачи на 5 994.

Како што беше соопштено на прес-конференција на здравствените власти, во изминатото деноноќие по чинале 7 лица, а вкупниот број на жртви до почетокот на епидемијата е 117.

Претседателот Александар Вучиќ пред извесен период во целиот ек на пандемијата се соочи со лично негативно искуство со корона вируост.

Од коронавирусот во Србија по чинал и најдобриот пријател на претседателот Александар Вучиќ и близок роднина на актерот и режисер, Драган Бјелогрлиќ, а роден брат на пеачката Зорана Павиќ.

Станува збор за Владо Бјелогрлиќ (45) кој бил близок пријател на претседателот на Србија, но и бил дел од фамилијата на познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ проговори за здравствената состојба на синот Данило кој заболе од корона вирусот. Тој вели дека мора подеднакво да се грижи за сите болни и дека не прави разлика меѓу пациеетите.

Претседателот се надевал дека синот деновиве ќе замине на Саемот каде се лекуваат полесните случаи но лекарите рекле дека тоа нема да се случи пред петок и тој мора да го поочитува зборот на надлежните.

Кога ќе оди на Саем ќе ме видите насмеан-вели претседателот.

Синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Данило својата борба против корона вирусот ја продолжува на Белградскиот саем со оглед дека му е подобрена клиничката слика, па ја напуштил Инфективната клинка каде се лекуваат најтешките случаи. Данило, заминувањето на саем одвај го дочекал,бидејќи тоа значи дека е чекор поблику до оздравување и заминување дома.

Додека некои го напаѓаа обидувајќи да го дискредитираат и него и татко му, Данило ги почитува сите правила и процедури како и останатите граѓани сместени на саем, па и тој ќе оди како и останатите, во заедничко куплатило, туш, па и тоалет кај што ќе одат и други.