Заразена е вработена на Геријатрија во Ѓ. Петров, ќе се прави тестирање на сите во домовите за стари лица

0
107

Една хигиеничарка од Геријатријски дом во Ѓорче Петров е позитивна на корона вирус, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека таа имала симптом на покачена температира по што е извршена проверката.

-Направена е едипдемиолошка анкета со вработените и дел од нив ќе бидат во самоизолација. Со оглед на фактот дека старските домови се институции за кои е потребна висока претпазливост ќе се пристапи кон серолошко тестирање на сите сместени во домови за стари лица, рече Филипче.