Заврши државниот карантин на 99 лица во хoтелот Молика, примени 94 нови

0
59
Foto

Заврши двонеледниот државниот карантин на 99 лица кои беа сместени во хотелот Молика на Пелистер.

Лицата го напуштија хотелот на 15 април, а во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели, соопшти ЕСМ.

Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.

За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија’’ и ,,Попова Шапка’’, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.