ФИЛИПЧЕ: Ништо нема да биде исто, ќе има физичка дистанца и во кафулињата, и во фабриките

0
103

Веќе сме подготвени кога постепено ќе почнат да попуштаат рестриктивните мерки, изјави министерот за здравство Венко Филипче на информативната сесија за КОВИД-19.

„Верувам дека граѓаните се свесни дека после бурата иде сонце. За неколку недели од сега ќе можеме постепено да го враќаме животот во нормала. Но, работите нема да бидат исти. Ќе работат со физичка дистанца и кафулињата, и рестораните, ќе бидат соодветно оддалечени и работниците во фабриките, а исто така и патниците. И тоа ќе биде насекаде во светот исто“, рече Филипче.

Владата постепено се подготвува. Но, олабавување ќе настапи мога ќе се види дека овие сите рестриктивни мерки дале резултат.