Голем број земји се соочени со недостиг од респиратори

0
107

Како што се шири пандемијата на коронавирус (бројот на пријавени случаи надминува 2,2 милиони), државите ширум светот се обидуваат да дојдат до дополнителна медицинска опрема потребна за спасување на животи.

Експертите предупредуваат дека оваа пандемија може да ги погоди земјите кои немаат опрема и инфраструктура, или оние со послаба здравствена заштита.

На пример, Јужен Судан има само четири респиратори и 24 кревети во интензивен оддел за 12 милиони жители. Ова значи дека има еден респиратор на три милиони луѓе.

Буркина Фасо има 11 респиратори, Сиера Леоне 13, Средноафриканската Република 3, додека Венецуела има 84 кревети во единицата за интензивна нега со население од 32 милиони жители.

„Веќе бевме сведоци на пандемија што брзо ги совладува здравствените системи во земји со релативно напредна здравствена заштита“, рече за „Си-ен-ен“, Елинор Раикс, раководител на Меѓународниот комитет за помош.

70% од заразените пациенти на интензивна нега имаат потреба од респиратор

Велика Британија, со регистрирани повеќе од 110.000 случаи, има потреба од дополнителни 18.000 респиратори. Франција планира да произведе 10.000 дополнителни респиратори, а Германија во април испрати 50 во Шпанија и 60 во Велика Британија.

„На Интензивна нега, ние не нудиме лечење на коронавирус, туку поддршка на телото за да се забрза закрепнувањето“, изјави лекарот од Велика Британија Алисон Питард. Таа објасни дека меѓу 15 до 20 отсто од хоспитализираните случаи на ковид-19 и 70 проценти од заразените пациенти на интензивна нега имаат потреба од респиратор