Јуначки потфат на 99- годишен воен ветеран: Собра 18 милиони фунти за да помогне во борбата против коронавирусот

0
70

Том Мур го исполни навидум лесното ветување, успешно шетајќи 100 круга околу неговиот дом и градина

Херојски потфат во Велика Британија. Среде борбата против коронавирусот, 99-годишниот воен ветеран сакаше да собере илјада фунти за здравствените работници одејќи 100 круга околу неговата куќа до неговиот 100-ти роденден на 30 април.

Успеа пред две седмици, и не само што успеа, туку собрал и 18 000 пати повеќе пари отколку што предвидувал и стана сензација.

Том Мур го исполни навидум лесното ветување, успешно шетајќи 100 круга околу неговиот дом и градина.

„Прекрасно е утрото, се чувствувам добро. Бидејќи бев во војска, навикнат сум да се разбудам рано“, рече Мур.

Понизниот ветеран од Втората светска војна стана глобална сензација за неколку дена. Тој го скршил колкот пред две години и често бил хоспитализиран. И сега, во овие периоди на коронавирус, кога британскиот здравствен систем е оптерентен многу како и секој друг, Том реши да им помогне. Неговата цел беше да собере илјада фунти хумано и да мине 25 метри, 100 пати пред неговиот 100- ти роденден.

“Ова е неверојатна приказна. Ние знаевме дека тој е семеен скапоцен камен што го споделивме со Британците. Со задоволство го запознавме со сите и јавноста се за вљуби во него. И сега тој е навистина светски феномен”, рече ќерката на Том, Хана Инграм.

Собрани повеќе од 18 милиони фунти!