Нова теорија за заштита од коронавирус, еве што велат експертите

0
53

Коронавирусот е ширум светот, а луѓето се подготвени на се’ за да се спасат и заштитат. Експертите биле приморани да ги известуваат и информираат луѓето за тоа дали и кои од натписите кои се појавуваат на социјалните мрежи околу Ковид-19 се вистинити, а кои не.

Една од теориите кои се појавија на социјалните мрежи е и таа дека мајчиното млеко може да пружи заштита од коронавирус бидејќи, според наводите, содржи антитела на Ковид-19.

Експертите сепак велат дека не постои ниту еден доказ дека тоа е точно.

-Нема никаков доказ дека мајчиното млеко може да излечи од Ковид-19 или да обезбеди антитела. До сега не е објавена ниедна студија на таа тема, вели педијатарот доктор Дајан Хес.

Тој додава дека мајчиното млеко е добро за имунолошкиот систем на бебињата, но уште еднаш истакнал дека нема баш никакви докази дека содржи антитела на коронавирус кои би можеле да им помогнат на возрасните.