Тоти: Не стапнувам во Рома додека Палота е претседател

0
68

Франческо Тоти вели дека нема да стапне во тренинг-центарот на Рома додека Џејмс Палота останува претседател на клубот, покажувајќи ја лутината за тоа како заврши неговата блескава кариера на „Олимпико“.

Тоти се пензионираше во мај 2017 година по 786 настапи за клубот во кои постигна 307 гола за да стане директор на клубот. Меѓутоа, минатиот јуни тој ја прекина 30-годишната соработка со римскиот клуб, сметајќи дека му е дадена позиција со која не може да носи одлуки. Тој сега вели дека би се вратил во Рома само под други сопственици и дека не може да отиде ниту да го гледа својот син Кристијан како игра во У-15 тимот.

„Видете, додека ситуацијата е ваква, нема да стапнам на Тригорија. Секогаш кога го оставам Кристијан на тренинг, останувам пред портите. Некогаш седам во колата и ми се плаче што по 30 години не можам да стапнам таму. Си заминав и тоа е тоа. Уште имам пријатели со кои разговарам од портата, но не можам да влезам да го гледам синот. Тоа би ме убило“, открива Тоти во Инстаграм разговор со Лука Тони.

Тој смета дека бил „истеран“ во пензија предвреме, по што Рома ги прекршила ветувањата кои му биле дадени.

„Не сакав да сопрам. Бев во добра форма и зошто би го направил тоа. Не сакав да го уништам времето поминато во Рома и затоа се пензионирав наместо да одам во друг клуб. Не сум глупав и знаев дека уште можам да придонесам на клубот. Ќе бев среќен само да бев дел од соблекувалната, да му помагам на тренерот и на младите фудбалери. Бев навистина вознемирен бидејќи ќе ја исечев мојата нога за Рома“, вели Тоти