Видал ќе го откачи Интер за пак да игра за Алегри

0
99
foto

Артуро Видал летово ќе си замине од Барселона, но тоа нема да биде во редовите на Интер, како што најавуваат италијанските и шпанските медиуми. Чилеанецот беше поврзуван како дел од „пакет-понудата“ за Лаутаро Мартинез, но тој самиот не сака да се пресели во Милано, туку во преден план ја разгледува понудата на Њукасл.

Овој англиски премиерлигаш ќе добие богати газди од Саудиска Арабија и сигурно ќе биде меѓу најактивните во текот на летниот преоден рок. Главен потег се очекува да биде ангажирањето на Масимилијано Алегри за нов менаџер, по што трофејниот стратег би убедил неколку врвни фудбалски имиња да им се приклучат на „црно-белите“. Едно од нив сигурно е и Видал, кому му се понудени значително подобри услови од оние во понудата од Интер.

Видал и Алегри имаа беспрекорна соработка во Јувентус, па трофејниот стручњак неслучајно бара токму големиот борец на средината од теренот да биде едно од клучните засилувања за наредната сезона. „Јавна тајна“ е и дека Њукасл ќе тргне во офанзива по Мауро Икарди, кој најверојатно ќе се врати назад во Интер по позајмицата во ПСЖ, а „нероаѕурите“ се уште не сакаат да го продадат во Њукасл.