Јан Облак е најдобар голман во светот

0
132

Во изборот на магазинот „FourFourTwo“, Јан Облак е прогласен за најдобар голман во светот.

Голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија оваа сезона во Ла Лига бранел на 27 натпревари на кои примил 21 гол.

На второто место се наоѓа чуварот на мрежата на Ливерпул Бразилецот Алисон Бекер, додека трет е Германецот од Барселона Марк Андре тер-Штеген.

Во Топ 10, Словенија (Облак, Хандановиќ), Бразил (Алисон, Едерсон) и Германија (Тер Штеген, Ноер) имаат по двајца преставници.

Топ 10:

1. Јан Обалк (Атлетико Мадрид, Словенија)
2. Алисон Бекер (Ливерпул, Бразил)
3. Марк-Андре тер Штеген (Барселона, Германија)
4. Тибо Куртоа (Реал Мадрид, Белгија)
5. Кејлор Навас (ПСЖ, Костарика)
6. Петер Гулачи (Лајпциг, Унгарија)
7. Самир Хандановиќ (Интер, Словенија)
8. Мануел Ноер (Баерн, Германија)
9. Едерсон Мораеш (Манчестер сити, Бразил)
10. Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед, Шпанија).