Приведени 92 лица поради непочитување на полицискиот час

0
132

На ниво на целата држава 121 лице не ја почитувало забраната за движење во текот на изминатите 24 часа, при што приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што информираат од МВР, на 19 април на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката.