Во 55 земји гладуваат 135 милиони луѓе

0
288

Меѓународното партнерство меѓу Обединетите нации, владините и невладините агенции што работат на решавање на причините за екстремната глад го објави годишниот глобален извештај за кризата со храна, според кој до крајот на 2019 година 13 милиони луѓе во 55 земји и територии страдале од акутен глад, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ООН.

Во извештајот се вели дека во тие 55 кризни земји 75 милиони деца заостанале во развојот поради неисхранетост, а 17 милиони страдаат од значително губење на тежината.

Во 2019 година 183 милиони луѓе се класифицирани како исцрпени и се во опасност да преминат во кризна состојба. Од 135 милиони луѓе во акутен глад, приближно 73 милиони живеат во Африка, 43 милиони на Блискиот Исток и Азија и 18,5 милиони во Латинска Америка и на Карибите.

Клучните причини за гладување се конфликтите поради кои 77 милиони луѓе се во акутна несигурност за снабдување со храна, поради лошите временски услови гладуваат 34 милиони луѓе, а 24 милиони луѓе страдаат поради економски превирања, пренесуваат агенциите.