Во Скопје 25 лица казнети со по 2.000 евра за непочитување на здравствените прописи

0
180

Скопското основно јавно обвинителство поднесе 20 предлози за казни со кои се опфатени вкупно 25 лица, обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Двајца од обвинетите не ја почитувале наредбата за задолжителна самоизолација.

Останатите, пак, биле затекнати во прекршување на полицискиот час.

Надлежните јавни обвинители  му предложиле на Основниот кривичен суд Скопје на сите обвинети да им изрече парични казни од по 2.000 евра во денарска противвредност.