Инспектори нападнати откако заплениле тутун и цигари на пазар во Тетово

0
153

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат биле физички нападнати додека вршеле акција за одземање  тутун и цигари кои нелегално се препродавале од улични продавачи на Зелениот пазар во Тетово.

На 21.02.2020 на улица Маршал Тито во Тетово, откако дел од запленетата стока внеле во нивните службени возила, почнале да се собираат пазарџии и продавачи, меѓу кои и тројцата пријавени лица кои ги спречувале во извршувањето на нивната акција, упатиле закани и навреди со цел да им ја одземат запленетата стока, а потоа, со употреба на физичка сила, ги блокирале службениците и нивните службени возила. Притоа, третопријавениот физички ја нападнал оштетената М.П.Г., додека прво и второпријавениот насилно ја одзеле целокупната запленета стока од службените возила на Државен пазарен инспекторат.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против A.С.(40) од с.Горно Палчиште, Тетовско, Н.М.(55) од с.Селце, Тетовско, и Б.З. (60) од Тетово, поради „спречување службено лице во вршење службено дејствие“