Костовски го повика градоначалникот на Бутел Смилевски да не се мачи да пишува лажни деманти и да се соочат на ТВ дуел

0
142

Тежон удар денеска за СДС Бутел. Со аргументи и докази се објави срамен договор од половина милион евра за партиски вработувања кој градоначалникот и претседател на СДС Бутел Смилевски го потпишува за време на голема здравствена и економска криза, време кога илјадници луѓе ги губат своите работни места, реагира Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вечерва јавно ќе го прашам Смилевски:

-Каде е Смилевски цел да одговори на фактите со кои денеска се занимават голем број ТВ и електронски медиуми!?

-Зошто ги тера партиските војници да го бранат со лаги и безсмислени аргументи!?

-Зошто ги лаже своите партиски војници дека советниците на ВМРО гласале ЗА овие договори кога знае дека има писмен доказ дека тоа не е така!?

-Колку од овие 130сетина вработени доаѓаат на своите работни места!?

Многу, многу битно прашање е следново!

-Колку од овие 130 сетина вработени се најблиски роднини на градоначалникот, претседателот на совет, функционери на СДС од Бутел и тн.
Дали можеби списокот на вработени изгледа повеќе на свадбен список на блиска фамилија или на список на вработени во една јавна институција која живее од парите ма граѓаните !?

На крајот да не се мачи да пишува лажни деманти, Смилевски јавно го повикувам на ТВ Дуел, ТВ нека одбере тој, за да пред целата јавност претставиме каков хаос без елементарен осет се случува во Општина Бутел за време на тешка криза, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.