Без публика во Ла Лига до 2021 година

0
73

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, синоќа одржал состанок со челниците на клубовите од Примера и Сегунда. Тебас ги информирал челниците на клубовите за одржаниот состанок со Телото за спорт и претседателот на Фудбалскиот сојуз, Луис Рубиалес.

Шпааските медиуми немаат многу информации за тоа што се говорело на состанокот, само шпекулираат дека била донесена одлука околу продолжувањето на тековната сезона.

Планот е до крајот на годината натпреварите да се играат зад затворени врати. Тебас ги предупредил претседателите на клубовите да подготват буџети за наредните неколку месеци. Планираниот минус, според Тебас, би бил околу 350 милиони евра, што е подобра опција доколку сезоната биде прекината.

Според некои пресметки, доколку сезоната биде прекината, минусот би бил една милијарда евра.

Клубовите ќе мора да направат стратегија за преостанатите 11 кола во оваа сезона, а за наредната веројатно ќе мора да ги намалат цените на сезонските билети.