Вилијан од Челси се сели во Ливерпул?

0
65

Офанзивецот на лондонски Челси, Вилијан, е во преговори со Ливерпул, тврди каталонски „Спорт“.

Договорот на бразилскиот фудбалер со „сините“ е до крајот на сезонава и веќе го одбил новиот понуден договор. Тоа значи дека летово тој ќе ја промени средината.

Ливерпул во Бразилецот гледа засилување во средниот ред, со што Јирген Клоп ќе добие опција повеќе во нападот на трите фронта.

Челси на Вилијан му понуди двегодишен договор, а тој по 6 сезони поминати на „Стемфорд Бриџ“, бараше тригодишен договор со повисока плата.

За 31-годишниот фудбалер заинтересирана е и Барселона. Тој истите услови им ги постави и на Каталонците, па клубот од „Камп ноу“ тргна во потрага по помлад играч.

Ситуацијата со Вилијан будно ја следат и градските ривали на Челси – Арсенал и Тотенхем.