Мицкоски: Прашањето на свикувањето на Собранието не е резултат на желба, туку правен факт дека е неуставно

0
115

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување Алсат говореше за актуелната состојба во моментот и за свикување на Парламентот во државата каде според свикувањето на пратениците е неуставно.

Во моментов нема уставна одредба за да може да се свика Парламентот. Ова го потврдува и професорката Гордана Силјановска која е врвен експерт во уставно право и која била член на Венецијанската Комисија. Ова не е партиско прашање, ова е правно прашање, нема потреба да ја поларизираме јавноста на партиски гласови од една страна или од друга страна, ова е правна дебата. Ако ние навлеземе во една дискусија дали ова е партиски вака или така никогаш нема да се согласиме, јас велам дајте да најдеме решение, и тоа решение може да се најде ако шефот на државата повторно свика една таква лидерска средба да бидеме сите ние запознаени која е целта на парламентарното мнозинство, истакна Мицкоски.