Бијонсе донира 6 милиони долари за организации што се занимаваат со ментално здравје

0
41
beyonce

Американската поп и аренби пејачка Бијонсе (38) донира 6 милиони долари на менталните институции кои се во криза за време на коронавирусот.

За време на пандемијата на коронавирус, многу познати личности се трудат да им помогнат на хуманитарните организации, а Бијонсе не е исклучок.

На 23 април Бјонсон објави дека ќе донира 6 милиони долари за поддршка на организации што честопати се заборавени за време на коронавирусот, притоа мислејќи на организации и работници кои се грижат за менталното здравје.
Во изјавата се вели дека таа се здружила со УКЛА и сопственикот на Твитер, Џек Дорси (43), за да собере 6 милиони долари за организации што даваат ментални здравствени услуги.

Нејзината фондација „Бејгуд“ објасни зошто сакаат да ја поддржат токму таа гранка на здравството.

„’Бејгуд’ ја препознава важноста на менталното здравје што сега е запоставено за време на пандемијата на ’Ковид-19’. Во нашите поголеми градови, афроамериканското општество има нерамнотежа во бројот на работници, така што ќе им треба и лична и ментална поддршка, вклучувајќи тестирање и медицински услуги, снабдување со храна и испорака на храна, за време и по кризата“, се вели во соопштението.