Мората: Ван Дајк е како планина

0
63

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Алваро Мората во кариерата имал можност да игра против врвни дефанзивци. Поранешниот играч на Реал, Јувентус и Челси рекол дека во сеќавање му останале тројца.

„Џорџо Кјелини. Не знам дали тоа намерно го правеше, но тој ме уништуваше секогаш кога ќе влезевме во дуел“, рекол Мората за дефанзивецот со кого беше соиграч во Јувентус од 2014 до 2016 година.

„Серхио Рамос исто така е многу цврст. Но, кога играте против Вирџил Ван Дајк имате чувство дека се борите со планина“.

Мората последен пат против Ван Дајк играл на 11 март во Лигата на шампионите кога Атлетико победи во Ливерпул со 3:2 и се пласира во четврт-финалето.