На денешен Арсенал ја освоија последната титула во Премиер лигата

0
90

а денешен ден пред 16 години Арсенал ја освоија последната шампионската титула во Премиер лигата. Екипата на Арсен Венгер одигра нерешено кај најголемиот ривал Тотенхем и сезоната ја заврши без пораз. Досега ова е единствената златна титула во историјата на Премиер лигата.

Арсенал првенството го заврши со 26 победи, 12 нерешени и 0 порази. „Тобџиите“ освоија 90 поени, 11 повеќе од Челси.

Пред почетокот на сезоната во Арсенал пристигна Јенс Леман од Борусија Дортмунд која на голот го наследи Дејвид Симан. Нови играчи покрај Леман таа сезона беа Филип Сендерос, Јохан Џуру, Гаел Клиши, Сеск Фабрегас, Хосе Антонио Рејес и Робин ван Перси.

На пет кола до крајот на првенството на Арсенал им беше потребен бод против Тотенхем на на „Вајт Харт Лејн“ за и теоретски да ја освојат титулата.

Имаа предност од 2:0 со головите на Виера и Пирес, а до крајот на натпреварот Тотенхем успеаја да го израмнат резултатот. Сепак тие 2:2 не им го расипаа расположението на „тобџиите“ бидејќи титулата ја обезбедија на теренот на најголемиот ривал