Без нови смртни случаи во Грција, нови 16 заболени

0
59

Грчките власти не забележале ниеден смртен случај поврзан со коронавирус, додека регистрирани се 16 нови заболени од Ковид-19. Вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата во Грција е 2.506, додека од последици на коронавирусот починале 130 пациенти.

Бројот на тешко заболени од вирусот исто така продолжи да опаѓа, така што вчера на интензивн нега биле 47 пациенти, пренесува АП.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера разговараше со неколку министри за ублажување на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Како што додава АП, Мицотакис токму поради тоа утре ќе се обрати во јавноста.