Има повеќе победи од порази против големите НБА ѕвезди, а не е Џордан

0
71

Нема многу кошаркари кои можат да кажат дека во кариерата оствариле повеќе победи отколку порази и тоа над најголемите НБА ѕвезди. Ако се погледне статистиката, еден играч се издвојува.

Поранешниот ас на Сан Антонио Спарс, Тим Данкан кој сега е помошник тренер во клубот.

Данкан во текот на импресивната кариера против некои од најдобрите играчи оствари повеќе триумфи и теренот го напушташе со подигната глава.

Еве и бројките го кажуваат тоа, како е соодносот против некои од најголемите:

43:39 против Коби Брајант
33:19 против Кевин Гарнет
21:15 против Леброн Џејмс
53:37 против Дирк Новицки
52:31 против Стив Неш
19:14 против Грент Хил
19:10 против Ален Ајверсон
35:29 против Џејсон Кид
26:12 против Кармело Ентони
19:8 против Трејси Мекгрејди
16:9 против Крис Вебер

Данкан, кој сега е 44-годишник, петпати со Спарси беше НБА шампион, во три наврати беше избран за МВП на финалињата, двапати беше прогласуван за најкорисен играч на целата сезона, а имаше и 15 настапи на Ол-стар мечевите.