Николов: На почетокот задоцнивме со мерките, заради тоа сега живееме со вакви ригорозни мерки

0
88
фото

Требаше да биде спроведено вистинско, солидно забележување на дијапората и на сите оние кои доаѓаа во земјата а кои беа ризични да бидат носители на вирусот корона. Сведоци бевме дека во периодот кога во Кина пламнеше епидемијата, ние имавме предност да се подготвиме со текот на времето односно да бидеме спремни за борбата со епидемијата односно да не дозволиме да се прошири во едни такви размери.

Сепак, кога ваквите мерки несоодветно се започнати на почетокот, дојдоа до една нова прогресија да сега имаме едни драконски мерки на социјална дистанца односно физича дистанца. Овие мерки доаѓаат како резултат на несвесноста кога еден здравствен работник го пренесе вирусот на своите колеги, рече Д-р Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вклучувањето во живо на Ехо.мк.

Според Николов, сегашната состојба каде што нема голем наплив на пациенти кои немаат тешки симптоми е резултат на спроведувањето на мерките од последните месец дена, распустот, затворањето на рестораните, училиштата, социјалното и физичкото дистанцирање, носењето на маски, дава резултати.

Единствено важно кое може да дејствува во моментов е да се придржуваме кон мерките за физичко дистанцирање. Практично тука ќе биде носењето на маски бидејќи тоа заштитува од неносењето на никаква маска. Било што ќе ги покрива устата и носот. Многу е важно да знае јавноста дека овие мерки се важни за да се заштитиме од вирусот Ковид-19.

Многу граѓани прашуваат зошто имаме вакви драксонки мерки?

Моето мислење е дека ваквите мерки се резултат на ашалнтното однесување на почетокот од кризната состојба и поради доцнењето на носење на одредени мерки тогаш кога беше потребно.

Според Николов секое непочитување на мерките ќе донесе уште поригорозни мерки во иднина а со тоа да нема остар пик, туку пролонгиран пик кој дополнително ќе го оптеретува здравствениот систем.