Николов: Потребно е да подобри брзината на добивање на резултатите на тестовите како во Словенија

0
233

Д-р Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вклучување во живо на Ехо.мк зборува за мерките донесени од страна во владата во едни вакви кризни состојби и укажува дека доколку не се почитуваат мерките можно е да има пролонгиран втор пик во втората половина на месец јуни.

Апелирам до граѓаните каде што има особено поголем проблем при спроведувањето на мерките и каде што бројот расте да внимаваат многу, да ги почитуваат донесените мерки бидејќи можеме да се доведеме во ситуација кога е можно да има и втор пик. За жал Куманово како општина и покрај тоа што опозицијата и градоначалникот бараа градот да биде ставен под карантин, за жал тоа не се спроведе и сега имаме раст на бројот на пациенти и тоа пациенти со тешки клинички слики. Бројот на заболени можеби ќе расте и во Тетово. Прогнозите се и дека во овој град ќе има зголемување и затоа мора граѓаните да ги почитуваат мерките за да не се дојде до една иста ситуација како онаа во Куманово.

Според Д-р Николов треба добра стратегија за правење на тестовите на пациентите исто како во Словенија. Врз основа на прашањето за тестирање, мораме да ги погледнеме примерите од Словенија, таму пациентите кои се тестираат за корона се со брз тест и практично здравствениот систем знае за само 3 часа дали пациентот е позитивен или не. Доколку не е позитивен тој се упатува во оние болници кои што даваат здравствени услуги врз основа на потребите секојдневни што ги имаат граѓаните, доколку е позитивен се упатува во болниците каде што се лекуваат пациенти од Ковид-19. Оние кои пак се сомнителни а се негативни се задржуваат со цел да се следи нивната клиничка слика и да има една сигурност дека вирусот нема да се шири.

Николов уште еднаш додаде дека е многу важно лекарите да бидат соодветно заштитени и обучени во една ваква состојба и го посочи како многу важен елемент во борбата против ширењето на вирусот.

Доколку лекарите и здравствените работници се разболат ќе нема кој да го движи здравствениот систем.