Притворен скопјанец во чиј дом била најдена дрога

0
105

При претрес на дом и други простории кај скопјанец, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје пронашле една полиетиленска паковка со амфетамин 4.4 грама, 16 полиетиленски паковања со марихуана со вкупна маса од 486 грама, две дигитални ваги и парични средства.

Лицето е приведено и задржано во Полициска станица, а вчера по итна постапка поднесена е кривична пријава за ,,Неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,, за што му е одреден 30 дневен куќен притвор.