Штипјанец тешко повреден откако со мотор излетал од патот

0
115

Четириесет и едногодишен штипјанец изгубил контрола над моторот и излетал од регионалниот пат с.Мамутчево-Велес.

По незгодата С.С со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди, и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес.