Бугарски пратеник: Најсиромашната земја во ЕУ на прво место по воени расходи

0
110
фото

Потпретседателот на бугарското Народно собрание, Веселин Марешки, изрази огорченост поради фактот дека Бугарија во 2019 година била на прво место по светот по воените расходи, податоци кои ги објави Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, пренесува „Спутник“.

Марешки смета дека тоа е недозволиво ако се земе предвид економската состојба на Бугарија.

„Најсиромашната држава во Европската Унија е на прво место по расходите за војската! Тоа е политика што ја поддржуваат сите партии кои сакаат да го задржат тој статус кво! Сакам да бидеме први по трошоци за подобрување на здравствената заштита, за модернизација на образованието и за борба против домашниот криминал; за тоа старите луѓе да имаат пристојна  старост, а младите образовани родители да имаат повеќе деца и поголеми примања! За сите Бугари да живеат подобро, а притоа никој да не ги ограбува. За мене не постојат други приоритети“, нагласи Марешки во својата објава на Фејсбук.

Како што се наведува во истражувањето на Институтот, Бугарија во периодот од 2018 до 2019 гпдина ги зголемила трошоците за одбрана за 127 отсто и на тој начин потрошила најмногу средства за таа намена во светот во посочениот период.

Таквиот нагол скок на одбранбените трошоци се создал поради еднократната уплата за купување осум ловци Ф-16 во август минатата година кога бугарското Министерство за одбрана им префрлило на САД 1,2 милијарди долари.

Во периодот од 2010 до 2019 година четири европски земји ги зголемиле своите расходи за војската за повеќе од 150 отсто: Литванија (232 отсто), Летонија (176 отсто), Бугарија (165 отсто) и Романија (154 отсто). Полска во изминатите 10 години ги зголемила своите трошоци за 51 отсто.

Марешки повеќе пати бараше откажување на договорот за купување Ф-16 и друго ново вооружување во рамките на модернизацијата на армијата.