Николовски: Сѐ уште е рано за избори и за лидерска средба

0
82

Сѐ уште е рано за избори и за лидерска средба, на прво место, за СДСМ, е здравјето на граѓаните, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

„Ние сме фокусирани на поддршка на институциите во борбата против коронавирусот. Мерките за справување со коронавирусот даваат резултат и тоа е добро, но сè додека не се воспостави целосна контрола над коронавирусот во рамките на здравствениот сектор, сè уште е рано да разговараме за избори и за лидерска средба“, одговори генералниот секретар Николовски.

Генералниот секретар апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките.