Икарди ќе остане во ПСЖ

0
104

Правниот советник на Мауро Икарди изјавил дека Аргентинецот ќе остане во Пари-Сен Жермен. Икарди сезонава како позајмен играч од Интер настапува за „светците“ од Париз. ПСЖ има можност да го откупи неговиот договор.

Многу шпекулации има за тоа каде ќе ја продолжи кариерата Мауро Икарди. Сигурно е само дека тој нема да се врати во Интер, таму е прогласен за персона нон грата. ПСЖ има можност да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра.

Наводно, ПСЖ не бил подготвен да издвои толкава сума, меѓутоа правниот советник на Икарди, Летерио Пино, го тврди спротивното.

„Леонардо знае што може Икарди. Да, тој не играше на неколку натпревари во Лигата на шампионите, но тоа е само поради тоа што ПСЖ има 18 фантастични фудбалери. Мислам дека Леонардо ќе го задржи, ПСЖ ќе плати за неговиот трансфер“, рекол Пино и проговорил за интересот на другите клубови.

„Вистина е дека Наполи се обидува да го донесе, но тие тоа се обидуваа да го направат и во минатото. Мауро има желба да остане во Париз. Јувентус? Не е нормално капитен на Интер да се пресели во Јувентус“.

Икарди сезонава настапил на 31 натпревар за ПСЖ, постигнал 20 гола и забележал четири асистенции.