Жена прободена во Израел, полицијата засега го третира нападот како терористички

0
135

Една 62-годишна жена била избодена со нож во централниот израелски град Кфар Саба во чин што полицијата сега го истражува како потенцијален терористички напад, објави „Тајмс оф Израел“.

Според весникот, повикувајќи се на извори од полицијата, полициските службеници сега се на местото на настанот и ги затвориле приодните патишта.

Службата за итни случаи ЗАКА од Ерусалим, како што се цитира во извештајот, вели дека напаѓачот бил „неутрализиран“, не разјаснувајќи дали тоа значи дека тој е сè уште жив.

Избодената жена била однесена во болница во сериозна состојба.