Обвинети 25 лица во Прилеп за прекршување на полицискиот час

0
102

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за вкупно 25 лица кои го сториле кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23 до 28 април, обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози до Основните судови во Прилеп и Крушево, заради непочитување на мерките на Владата за спречување на Ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час“, информираат од Обвинителството.

За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.​